дома Балкан КОНВОЈ НА КФОР СЕ УПАТИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО: Растат тензиите на...

КОНВОЈ НА КФОР СЕ УПАТИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО: Растат тензиите на Косово по изјавата на Хашим Тачи!

Неколку десетици возила на КФОР од унгарскиот контингент беа забележани на автопатот Приштина-Косовска Митровица, како се упатуваат кон север кон Косово и Метохија.

Во колоната се содржани најмногу воени џипови, камиони и некои оклопни возила. Колоната, исто така, содржи тешка машининерија, како и возила за итна медицинска помош, објави РТС.

Командата на КФОР минатата ноќ објави дека е планирана вежба низ цела Косово, во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Вежбата е спроведена со цел да се задржи подготвеноста и оперативната способност за гарантирање мирно и безбедно опкружување и слобода на движење, рече КФОР.

Косовската полиција им нареди на своите членови да ги прекинат годишните одмори, додека косовскиот министер за внатрешни работи, Бејтуш Гаши, денеска оствари средба со командантот на КФОР во Косово, генерал-мајор Салваторе Кучоџи.

Тие разговараа за севкупната безбедносна ситуација во Косово и ја оценија ситуацијата како мирна и стабилна.