дома Русија КОНГРЕСМЕН ОД САД: Нема докази за поврзаност на тимот на Трамп и...

КОНГРЕСМЕН ОД САД: Нема докази за поврзаност на тимот на Трамп и Русија

Претседавачот со американскиот конгресен Комитет за разузнавачки прашања, Девин Нунс изјави денеска дека „нема докази“ дека предизборниот тим на претседателот на САД, Доналд Трамп бил во дослух со Русија пред американските претседателски избори во 2016 година.

– Врз основа на се што видов, нема докази за тајни договори, изјави тој за Фокс њуз.

Кометарот го даде пред предвиденото појавување на директорот на ФБИ Џејмс Коми пред комитет каде ќе се соочи со прашања од пратеници во врска со потенцијалните врски на Трамп со Русија и обвинувањата за прислушкување кои Трамп ги упати до Барак Обама.