дома Актуелно КОНГРЕС НА 23-ТИ ДЕКЕМВРИ: ВМРО-ДПМНЕ ќе свика вонреден партиски конгрес на кој...

КОНГРЕС НА 23-ТИ ДЕКЕМВРИ: ВМРО-ДПМНЕ ќе свика вонреден партиски конгрес на кој ќе се разгледува оставката на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ на 23 декември ќе го свика партискиот Конгрес. Информацијата за Сител  и официјално ја потврдиле и од партијата. На Конгресот, ќе се разгледува оставката на Партискиот претседател Никола Груевски.

Груевски пред неколку дена најави дека си заминува од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата смена и евентуалниот избор на нов лидер треба да ги потврди највисоко партиско тело Конгресот.

Груевски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ 15 години.