October 6, 2022, 12:50 am

Конечно: Британија и Европската Унија се договорија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велика Британија и Европската унија конечно постигнаа трговски договор само една недела пред крајот на преодниот рок за Брегзит и повеќе од четири години откако Британците гласаа за напуштање на блокот.

Преговарачите од Велика Британија и ЕУ работеа доцна во ноќта за да го финализираат договорот, а европски извори велат дека договорот е „неизбежен“, освен ако не се случи „изненадување во последен момент“.

Сепак, објавувањето на одлуката беше одложено до рано утрово откако британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен разговараа по телефон за „последната финеса“.

Велика Британија се повлече од ЕУ во јануари и имаше рок до 31 декември да постигне трговски договор со Брисел. Сепак, скоро една година, преговорите не се движеа од ќор-сокак за три клучни прашања за кои ниту една од страните не сакаше да попушти – риболов, еднакви права и управување.

Пред денешниот драматичен епилог во фото-финишот, и Лондон и Брисел ги подготвија граѓаните да бидат „подготвени за сите сценарија“, бидејќи има малку шанси да се постигне договор.

Договорот сега ќе треба да го ратификуваат британскиот парламент, Европскиот парламент и сите 27 земји-членки на ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This