дома Политика КОНКРЕТЕН ОДГОВОР ОД ДУИ НАСКОРО: Ахмети најави дека наскоро ќе се изјасни...

КОНКРЕТЕН ОДГОВОР ОД ДУИ НАСКОРО: Ахмети најави дека наскоро ќе се изјасни по понудата на Заев!

Од ДУИ изјавуваат дека сериозно ја сфатиле дебатата со која треба да се одлучи дали нивните пратеници ќе ги дадат потписите, со кои СДСМ ќе може да бара мандат за составување на Влада. Според неофицијални информации од партијата, ДУИ покрај гаранција за воведување на двојазичност на цела територија, за што силно се инсистирало, се бараат и гаранции дека Заев ќе ја поддржи и албанската платформа, во целост и безусловно

 

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска откри дека неговата партија нема да брза при донесувањето на одлуката. Потврди дека за документот на СДСМ веќе имал средба и со претседателот на ДР-ДПА Зијадин Села.

 

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Се анализираат сите работи. Мислам дека во иднина ќе има конкретен одговор. Ова се прашања кои се разговараат во рамките на партијата, но јас ве уверувам дека таму не се произведуваат атомски бомби. Се разбира дека се дискутира за важни прашања во врска со политичкиот и правниот статус на Албанците во Македонија. Ние зборуваме и со другите политички партии затоа што треба да формираме заедничко мислење. Со господинот Села се сретнав и разменивме мислења.“ – изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ

 

[/kopa_block_quote]

Албанската платформа која беше потпишана во Тирана, под покровителство на сега екс-шефот на ЦИА, содржи елементи со кои се бара воведување на двојазичност, кантонизација, ослободување на терористите од „Диво Насеље“, „Монструм“, „Сопот“, „Бродец“.

Освен ова, со платформата се бара и ревизија на државното знаме, химна, грб и име.

Дека Заев е спремен да го прифати сето ова, денес потврди и себенаречениот новинар Бранко Геровски, кој предложи неколку решенија за промена на името, грбот, химната и знамето.