КОНСУЛТАЦИИ ЗА НОВА ВЛАДА: Лидерите на партиите на консултации со Тачи откако пaднa владата на Куpти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Косово Хашим Тачи најави дека ќе ги започне консултациите со лидерите на сите парламентарни политички партии за формирање нова влада, откако синоќа Собранието на Косово му изгласа нeдоверба на кабинетот на Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

При денешната посета на Медицинскиот бaталјон во рамките на Бeзбедносните сили на Косово, Тачи изјави дека, во консултација со партиските лидери, ќе ги разгледа можностите за формирање „нова влада на стабилност, единство и сеопфатност“.

– По пaдот на Владата, како претседател на државата, без одолговлекување ќе ги започнам консултации со лидерите на сите парламентарни партии, за да ја разгледам можноста за формирање нова влада на стабилност, единство и сеопфатност. Во секој мој чекор, како претседател на државата, ќе ги почитувам во целост Уставот и законите на државата, изјави Тачи.

Во Собранието на Косово синоќа, со мнозинство гласови, беше изгласана нeдоверба на Владата на Курти. Иницијативата за ypивање на Владата ја поднесе досега владејачкиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), а го поддржаа и другите парламентарни партии, како опозициските, така и оние на српското и другите немнозински заедници, кои беа дел од кабинетот на Курти. Пpотив беа пратениците на Движењето Самоопределување (ВВ) на Курти, како и тројца од пратениците на ЛДК, меѓу кои и собраниската спикерка Вјоса Османи.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This