дома Временска Прогноза Кон Македонија се движи нов влажен бран- подгответе се за невреме

Кон Македонија се движи нов влажен бран- подгответе се за невреме

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе биде во склоп на висински циклон особено од петок па за време на викендот на многу места ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер како и појава на град. Поради изразената нестабилност на некои места се очекува да наврне значително количество на воден талог и тоа над 30 л/м2.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен со исклучок во петок кога истите ќе бидат малку пониски и ќе се движат во интервалот од 19 до 26 степени.