дома Хроника Коронавирусот ја зема и првата жртва во спортот- почина претседателот на РК...

Коронавирусот ја зема и првата жртва во спортот- почина претседателот на РК Преспа по долгата битка со вирусот

Тажна вест пристигна од ракометниот клуб РК Преспа.

Вечерва по долгата борба со коронавирусот, почина претседателот на РК Преспа, Илче Котевски.

Котевски ќе остане запаметен како голем спортист, кој ќе остави траги во историјата на спортот во Македонија.

Редакцијата на Инфомакс изразува сочувство до семејството и пријателите.