дома Балкан Косово воведе нови царински даноци за Србија

Косово воведе нови царински даноци за Србија

Министерството за индустрија на привремените институции во Приштина денеска одлучи да воведе заштитни анти-дампинг мерки за некои производи од централна Србија.
Ова го најави министерката Розета Хајдари и таа додаде дека овие мерки се за заштита на индустријата и трговијата, пренесува приштински „Зери“.
Како што објасни, една од мерките се однесува на воведување на три евроценти за килограм за увоз на концентрат на животни од централна Србија, а другата, исто така, три евроценти за увоз на една единица градежен блок.
„Двете одлуки се во согласност со Уставот на Косово, Законот за анти-дампинг мерки и контрамерки, како и нашите меѓународни обврски“, рече таа.

Според неа, мерките се воведени откако анализата е направена на барање на локалните производители на концентрат за живина и Здружението на производители на градежни материјали, со што, како што вели, утврдиле дека локалните производи се продаваат по пониски цени отколку во централна Србија.

Според Коха, мерките ќе важат наредните шест месеци, а потоа ќе бидат продолжени за уште шест.