December 6, 2022, 7:35 pm

Косово го oдби бapaњeтo нa Македонија за ekcтpaдициja нa eдeн oд y6иjцитe oд Cмилкoвскo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основниот суд во Приштина го одби барањето на Министерството за правда на Македонија за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, осуден во случајот „Монструм“.

На Исмаиловиќ, како и на неговиот брат Агим и на Алил Демири, на 23 февруари оваа година повторно му беше досуден доживотен затвор за масакрот кај Смилковско Езеро. Останатите двајца обвинети, Фејзи и Хаки Азири, добија 15, односно девет години затвор. Во меѓувреме, Сами Љута беше ослободен од обвинение во отсуство на докази.

И Исмаиловиќ и Демири се во бегство уште од убиствата на Велики Четврток, април 2012 година.

На 1 април по сообраќајна несреќа во Косово, Исмаиловиќ беше однесен во полициска станица и е утврдено дека тој се бара со потерница. МВР беше известен дека лицето е идентификувано и е утврдено дека за него има барање за екстрадиција.

Според официјалните податоци од македонското Министерство за правда, до сега во период од 8 години испратени се две барања за екстрадиција во кои е содржана и доставена целокупната документација за екстрадиција на бегалците. Испратени се и замолници, но на нив ниту имаат обврска, ниту дале одговор косовските власти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This