дома Балкан Косово и забрани влез на српската министерка Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ

Косово и забрани влез на српската министерка Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ

Српската министерка, за работа, вработување и социјална прашања, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ денес не успеа да ја оствари својата работна посета на Косово во улога на професорка на Медицинскиот факултет на Приштинскиот универзитет, откако приштинските власти и забраниле влез во земјата. Кисиќ-Тепавчевиќ го најавила своето доаѓање на Косово во својство на професорка, а не во својство на министерка.

Во склоп на своите активности, Кисиќ-Тепавчевиќ, во петок и сабота, требаше да одржи испит за студентите од трета година на Катедрата за епидемиологија на факултетот.

Најавата за посетата е испратена на време и во согласност со сите процедури. Меѓутоа, властите во Приштина без какво било објаснување или причина, преку приштинскиот офицер за врска, одбија да дадат дозвола за посетата на Кисиќ-Тепавчевиќ – соопшти директорот на српската Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ.