дома Балкан КОСОВО СЕ ПЛАШИ ОД РУСКИТЕ СЛУЖБИ: Разузнавачката агенција на Косово, објави имиња...

КОСОВО СЕ ПЛАШИ ОД РУСКИТЕ СЛУЖБИ: Разузнавачката агенција на Косово, објави имиња на лица кои шпионирале за Кремљ!

Косовските медиуми и нивните безбедносни служби се сомневаат дека на Косово работат наводни руски шпиони, главно соработници на Војсилав Коштуница. На списокот се Драгана Трифковиќ, Марко Јакшиќ, Славиша Ристиќ, новинари и генерали

Податоците за наводните руски шпиони на Косово, кој ги објави Разузнавачката агенција на Косово, наведувајќи имиња и презимиња на Срби кои наводно шпионирале за Кремљ, кога не би била опасна игра би можела да биде сценарио за филм, пишува Спутник.

Да биде работата уште поинтригантна, косовските разузнавачи го објавиле извештајот во декември 2016 година, а во него се споменуваат соаботници на екс-претседателот на СР Југославија и некогашен премиер на Србија Војислав Коштуница, иако тој не е активен во политиката од 2008 година.