дома Балкан КОСОВО ЌЕ ФОРМИРА АРМИЈА: Косовскиот парламент одобри формирање на вооружени сили, спротивно...

КОСОВО ЌЕ ФОРМИРА АРМИЈА: Косовскиот парламент одобри формирање на вооружени сили, спротивно на резолуцијата на ОН!

Парламентот на Косово ја одобри иницијативата за преструктуирање на полициските сили за безбедност во вооружени сили, јави ТАСС, повикувајќи се на телевизијата „РТК“.

– Владата на Косово е овластена во најскоро време да започне да ја координира и претстави пред парламентот утврдената стратегија за трансформирање на Силите за безбедност на Косово во Вооружени сили, информира „РТК“.

На 8 февруари претседателот на Косово Хашим Тачи, премиерот Иса Мустафа и претседателот на парламентот Кадри Весели донесоа одлука за трансформирање на силите за безбедност во комплетна армија.

Следниот ден српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Косово нема право да создаде сопствена армија бидејќи тоа и противречи на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.