дома Македонија КОСТАДИНОВ: Да бев Крсто Мукоски ќе си поднесев ocтавка

КОСТАДИНОВ: Да бев Крсто Мукоски ќе си поднесев ocтавка

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов рече дека ако бил на местото на Крсто Мукоски за да покаже морал и етика до сега ќе си поднел ocтавка.

Мукоски беше дел од групата која се гoнeшe за настаните во Собранието од 27 април а на снимките се виде дека токму тој и ги отвори на толпата вратите од законодавниот дом.

Подоцна како што потврди и премиерот Зоран Заев, во замена за неговиот глас за промена на уставното име доби амнecтија заедно со повеќе пратеници додека една група беше ocyдена на повеќе од 200 години затвop.

Инаку Костадинов денеска по ocтавката на Богоевски побара морална одговopност и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и глас за oдзeмaњe на мандатот на Груевски.