Костовски до Царовска, ЈО и МВР: Пoкpeнeте пocтaпка зa oткaз и kpивичнa oдгoвopнocт нa нacтaвникот тeпaч

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малтретирање и изживување со децата не само што не е дозволиво, туку и треба најстрого да биде казнето.

Најостро го осудувам настанот со тепањето на ученик од ОУ Панајот Гиновски кое се наоѓа во населбата Бутел 2.

Видеото кое излезе на социјалните мрежи покажува како не смее да постапува еден наставник.

Наставникот не само што го тепа детето, туку со ваквиот чин нанесува тешка траума на ученикот.

Директорката на училиштето и МОН да преземат активности и покренат постапка за отказ на наставникот, а МВР и ЈО да отворат кривична постапка согласно чл.130 и чл. 143 од КЗ.

Одговорност мора да има. На насилниците не им е местото во училиштата.

Наставникот треба да образува и воспитува, а не да застрашува, малтретира и шиканира. Децата од учичиште мора да излезат со знаење, а не со трауми.

Стоп за насилството врз децата.

Доколку институциите молчат јас како градоначалник веднаш по преземањето на функцијата ќе искористам се што е во моја законска надлежност овој случај да не остане неказнет.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This