дома Локално Кочани на мирен протест: Ние сме Македонци и Македонци ќе останеме за...

Кочани на мирен протест: Ние сме Македонци и Македонци ќе останеме за навек

И вечерва граѓаните на Кочани преку мирен протест и дадоа подршка на иницијативата „За заедничка македонија“ отфрлајки ја тиранската платформа и напорите на СДСМ и албанските партии за редефинирање на државата.

Пред присутните се обрати Гордана Манева, педагог од Кочани која ги повтори барањата на граѓаните за унитарноста на државата за зачувување на единството.

– Ние сме Македонци и Македонци ќе останеме за навек. Сакаме да живееме во држава со унитарен карактер, да го почитуваме нашето единство и слога и да не дозволиме мешање од страна на т.н. тирански платформи, истакна Манева.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ за утре закажува протестен марш низ улиците на Кочани.