дома Македонија Кочани порача: Смиреност и сплотеност во битката која е започната и треба...

Кочани порача: Смиреност и сплотеност во битката која е започната и треба да заврши со успех

Граѓаните во Кочани и вечерва излегоа на протестен марш низ улиците на градот давајќи и целосна поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Тие и вечерва со пароли, песни и тапани го искажаа својот револт од иницијативата на „тиранската платформа“ за редефинирање на државата и воведување на албанскиот јазик за втор службен јазик во државата.

Учесниците на маршот ја подржуваат граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ порачувајќи да се истрае во борбата за сочувување на територијалниот интегритет на сопствената земја и сопствениот јазик. Тие се против секакви делби порачувајќи за смиреност и за сплотеност во битката која е започната и треба да заврши со успех.

Мирниот протестен марш кој се одржа низ улиците на Кочани заврши во Паркот на револуцијата каде што пред споменикот на Никола Карев се пееше македонската химна. За утре е најавен повторен протестен марш во Кочани.