дома Македонија КОЧО МАСРМАНГА АНЃУШЕВ, ДЕТЕТО НА СТЕЧАЈЦИТЕ: Возен парк од 300.000 евра и...

КОЧО МАСРМАНГА АНЃУШЕВ, ДЕТЕТО НА СТЕЧАЈЦИТЕ: Возен парк од 300.000 евра и 28 милиони капитал, но ќе делел плата од 1.300 евра и ќе помагал на сиромашни

Со возен парк од околу 300.000 евра, новиот вицепремиер за економски прашања и министер во Владата на Зоран Заев, бизнисменот Кочо Анѓушев се грижи за сиромашните, пишува порталот Денешен.мк.


Според анкетниот лист, кој вицепремиерот го пополнил и ќе го достави до Државната комисија за спречување на корупцијата, Анѓушев тежи околу 28 милиони евра.

Најбогат функционер во Македонија е потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев. Тој и според Форбс е еден од петте најбогати Македонци. Во неговиот возен парк има „Масерати“, „Порше Кајен“ и „Мини Катримен“, во вредност од околу 300.000 евра.

Анѓушев љубител е на луксузни чанти, а поседува и импресивна колекција на часовници од марките ролекс, омега, картие вредни 2,5 милиони денари, односно 46 илјади евра. Анѓушев поседува и уметнички слики и скулптури во износ од над 100.000 евра, како и златен накит во износ од 6 милиони денари, односно исто 100.000 евра.

Како други превозни средства Анѓушев во анкетниот лист навел дека псоедува и чамец „Регал 1900“, вреден 30.000 евра.

Според анкетниот лист кој вицепремиерот го пополнил и ќе го достави до Државната комисија за спречување на корупцијата, Анѓушев тежи околу 28 милиони евра. Тој навел дека е сопственик на една куќа и пет стана во Скопје, куќа на Халкидики како и стан во Белград. Пријавил и деловни простории во Скопје, а најголема вредност има уделот во групата Фероинвест, каде тој е содружник со 80 посто од акциите, или 21 милиони евра.

Вицепремиерот за економски прашања, на новинарите им го подели рачно пополнетиот анкетен лист кој, како што истакна го доставил до антикорипциската комисија, во кој освен наведениот имот напишал дека чува и пари на сметки во неколку банки. Но, листот сеуште не е објавен на веб страната на ДКСК.