дома Политика КОЈА ЛЕГИТИМНОСТ, КОИ ПРИКАЗНИ ЗА МАЛИ ДЕЦА: На пародијата немаше ниту 50...

КОЈА ЛЕГИТИМНОСТ, КОИ ПРИКАЗНИ ЗА МАЛИ ДЕЦА: На пародијата немаше ниту 50 пратеници, уште помалку доволните 61 за избор!

СДС во четвртокот, откако заврши седницата во Собранието, собра група пратеници со коментар дека на тој начин бирале нов претседател на собранието. Немаше ни записник, ни стенограм ниту пак некој водеше постапка, броеше или утврдуваше кој и како гласал… СДС тврдеше прво дека Талат Џафери бил избран со потребниот минимум 61 гласови, за после само еден час да ја качи бројката на 62… Но, после многу измами и после измамнички избори на овој начин СДС се обидува да ја измами јавноста, странските дипломати и преку државен удар да земе власт со Собранието.

Еве ги фотографиите како доказ, сликани од галеријата над пратениците додека го вршат чинот. Во кадарот групата на СДС, ДУИ и нивните пучисти има помалку од 30 пратеници. Под галеријата, во остатокот редови има уште околу 20… и, тоа се! Освен останатите законски услови, нема ни потребен број пратеници за да се гласа воопшто за претсдеател на собрание, а камоли да се изгласа.