дома Социјални Мрежи КОЈА ФИРМА ГИ ИНКАСИРАЛА ПАРИТЕ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА: Фирма од Струмица наплаќа десетици...

КОЈА ФИРМА ГИ ИНКАСИРАЛА ПАРИТЕ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА: Фирма од Струмица наплаќа десетици илјади евра за кафињата и водите на влада?

Десетици илјади евра потрошени на пијалоци, вода и кафе ја скандализираа Македонската јавност минатата седмица, откако владата во обид да презентира транспарентност ги објави трошоците направени од владините функционери за т.н. репрезентација

 

Рекордери во трошењето беа претежно министрите на ДУИ, додека во СДСМ рекордот го држеше министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Најмалку потрошени средства имаа Зоран Заев и Оливер Спасовски, по околу 500 евра од човек .

Она што е интересно се информациите кои се појавија на социјалните мрежи, а кои се однесуваат токму на трошењето на пари на граѓаните за репрезентација и каде тие пари завршуваат.

Според извесен профил на Твитер наречен „Пајакот“, тендерот за набавка на кафиња, вода и други пијалаци го има добиено струмичка фирма, која најверојатно е блиска до фамилијата Заеви. Токму во оваа фирма, тврди „Пајакот“ се слеваат десетици илјади евра за репрезентација.