дома Русија КОЈ АВИОН Е ПОДОБАР: Британските медиуми ги споредија претседателските авиони на Трамп...

КОЈ АВИОН Е ПОДОБАР: Британските медиуми ги споредија претседателските авиони на Трамп и Путин

Британските медиуми ги споредија личните авиони на претседателите на Русија Владимир Путин и на САД Доналд Трамп. Резултатот покажува дека авионот на рускиот претседател е два пати поефтин и помал, но затоа е побогато опремен

Во очи на историскиот состанок на двајцата претседатели, нивните авиони слетаа во Хелсинки. Бритнаскиот весник ги според авионите на лидерите на Русија и САД одвнатре и однадвор.

Вредноста на авионот на Путин ИЛ-96-300ПУ чини 500 милиони долари, а оној на Трамп „број 1“ (модификација на „Боинг“ 747-200б) е два пати поскап – милијарда долари, пишува „Дејли мејл“.

Авионот на Трамп достигнува брзина од 1.000 км/час, додека оној на Путин 900 км/час. Авионот на американскиот претседател е пет метри подолг. Меѓутоа, внатрешноста на рускиот авион е малку пораскошна: во него има спортска сала, огромен кревет и голем број на гоблени и украси.

Британските медиуми наведуваа дека во авионот на Трамп се наоѓа голема количина на слатки работи, вклучително и омилениот десерт на Трамп „М&М“.

Авионот на претседателот на САД
Авионот на претседателот на Руската Федерација