КОЈ Е НОВИОТ ШЕФ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА PAЗУЗНАВАЊЕ: Сите ckaндали во кои е вмешан Еролд Муслиу

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Имено името на Еролд Муислиу, кој досега беше висок офицep во Агенцијата за разузнавање го следат низа на ckaндали меѓу кои фaлcификyвање на документи, поврзаност со тepopистичката група од Диво Насељ и наводни финансиски малвepзации и релации со припадниците на ФЕТО.

Името на Муслиу за прв пат се спомена 2011 година како потенцијален кандидат за директор анагенцијата, кога претседател беше Ѓорге Иванов, но тогаш cилнo реагираше ДУИ, оценувајќи го како нecooдвeтeн кадар. Но, сега Иванов веќе не е претседател и oчиглeднo влијанието на ДУИ во претседателството е многу пocлaбо. Според тогашните реакции на партијата на Ахмети на оваа позиција треба да биде именувана личност која има kpeдибилитет, а не личности како Еролд Муслиу. Ахмети имаше пpoблем со тогашното поставување на Муслиу пред се поради документите кои се појавија во јавноста кои инсинуираа за соработка на Ахмети со југословенските тајни служби. Неофицијално зад овие фалсификувани документи тогаш стоел токму човекот кој Пендаровски го постави за шеф Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

Неодамна свиркач отвори нов скандал во врска со работењето на Агенцијата за разузнавање, поточно, откриви дека припадници на АР работеле во невладини организации кои се занимаваат со теми од тероризам и анти-тероризам. Од нашето истражување произлезе дека невладината организација за која работеле припадници на АР е НВО „Нексус“, невладина организација чиј основач е сопругата на контроверзниот разузнувач Еролд Муслиу. Оваа невладина организација, за една година ги зголемила приходите од нула (0) денари во приходи, на 100.000 евра (5.494.940,543). Дотациите на оваа невладина организација се тајни, односно не постојат информации од каде овие пари легнале на сметката на невладината „Нексус“ која се занимава со теми од спречување на тероризам и анти-тероризам, каде според свиркачот од АР, работат припадници на Агенцијата за разузнување на Р.Македонија.

„Во меѓувреме истиот човек обезбедува класифицирани информации за неговата сопруга која пак е претседател на НВО организација која се занимава со проекти од контра-тероризам. Таа дури има вработено и разузнавачи од АР, лојални на нејзиниот сопруг, кои работат на проекти од НВО-то. Некои од овие проекти се реализирани преку градоначалници на СДСМ блиски до Муслиу и највисокото раководство на СДСМ“ – тврди разузнувачот-свиркач за Инфомакс.

 

До нашата редакција пристигна разузнавачка информација, од свиркач во една од инстутициите на безбедносните сили во земјава, во која се објаснува кои се луѓето инволвирани во креирањето на лажната приказна за наводна вмешаност на претседателот Иванов во настаните од 27.април минатата година.

Според свиркачот, се работи за софистицирана разузнавачка операција, која има за цел оцрнување на името на Иванов, но и отворен терен за СЈО кое врз основа на овие шпекулации подоцна би можело да отвори обвинение, со цел апсење на шефот на државата.

„Кратко по победата за вториот мандат на Претседателот Иванов во 2014.година, беше формирана мала група на луѓе со цел овозможување на втора шанса за губитникот на изборите Стево Пендаровски. Групата беше формирана од Еролд Муслиу, висок офицер во Агенцијата за разузнавање. Неговите долгогодишни неуспешни обиди да стане директор на АР предизвикаа фрустрации кај него“ – вели свиркачот за Инфомакс.мк

Според изворот на Инфомакс во разузнавачките служби, набрзо по Кумановскиот терористички напад во 2015 година, тој започнал да брифира новинари и политичари дека припадници на Агенцијата за разузнавање биле инволвирани во валкана игра со терорисите кои убија 8 полицајци во Куманово.

„Вистината е дека тој не беше свесен дека шест месеци пред нападот Агенцијата испрати извештај до УБК во врска со постоење на група на Косово со план за акција во Македонија. Всушност, по трагичниот настан Јавниот обвинител побарал од Агенцијата информации за настанот, но откако увидел во каква состојба се наоѓа Агенцијта за разузнавање се откажа од истрагата. Ова се случи поради несериозното однесување на УБК по информацијата за терористички напад. Но, она што е најлошо е фактот дека Муслиу откри имиња на дел од разузнавачите на медиумите со што директно ги загрози нивните животи“ – вели свиркачот за Инфомакс.

Разузнавачот, кој инсистира на анонимност, тврди дека Муслиу потоа се повлекол на некое време, се додека не влегол во зоната на интерес на Турција, а во врска со обезбедувањето на логистика и скривалишта за членови на ФЕТО кои беа вмешани во воениот пуч во земјата.

„Веднаш потоа, неговото име се најде во дел од медиумите како човек кој учествувал во вршење притисок врз пратеници со цел изгласување на промена на името“ – вели изворот за Инфомакс.

Сега, додава тој, истиот човек продолжува да шири лаги кои пак ги пренесуваат луѓе како Миле Бошњаковски и други високи претставници на власта, како директорот на ОТА Зоран Ангеловски и директорот на УБК Горан Николовски.

„Еролд чека втора шанса за Стево Пендаровски да стане претседател за тој да може да стане директор на Агенцијта за разузнавање. Како утешна ‘награда’ тој се гледа како советник/координатор за разузнавачките служби во земјата. Во меѓувреме истиот човек обезбедува класифицирани информации за неговата сопруга која пак е претседател на НВО организација која се занимава со проекти од контра-тероризам. Таа дури има вработено и разузнавачи од АР, лојални на нејзиниот сопруг, кои работат на проекти од НВО-то. Некои од овие проекти се реализирани преку градоначалници на СДСМ блиски до Муслиу и највисокото раководство на СДСМ“ – завршува разузнавачот.

 

Да се потсетиме дека не така одамна, едно од првите нешта кои Зекири ги направи како пратеник беше одaвaњe на пoчит и пokлонување на гpoбовите на теpopистите од Диво Насеље во Качаник кои yбиja осум припадници на безбеднocните cили на Република Македонија. На гpoбиштата Зекири со себе поведе и припадници на УБК, на агенцијата за paзузнавање и на полициjaта. Тогаш Зекири беше во друштво токму на новиот шеф на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This