дома Македонија Кој му дозволува на командантот Малишева да си пишува статуси на Фејсбук,...

Кој му дозволува на командантот Малишева да си пишува статуси на Фејсбук, нели телефоните се забранети во затвор

Мухамед Красниќи познат како командант Малишева стана „ѕвезда“ благодарение на Фејсбук статусите во кои се зак анува, објаснува кој ги „натепал“ поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристос, се допишува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Да потсетиме дека истиот тој тип е во затвор, бидејќи е еден од лидерите на т.н. кумановска група, која стои зад настаните во Диво Насеље, при што беа уб иени осум македонски полицајци, а 38 беа повредени.

Додека медиумите ја „плетат“ приказната што всушност се крие зад „претепувањето“ на Јанакиески и Ристоски и поврзаноста на инцидентот со кумановската група, а јавноста си најде нов сеир, да потсетиме дека мобилните телефони се нај строго забранети во затвор.

Или тоа не важи за командантот и неговите другари.