дома Македонија КОЈ НЕ ГИ ПОЧИТУВА МАКЕДОНСКИТЕ ЗАКОНИ: Кои дипломати се редовен декор во...

КОЈ НЕ ГИ ПОЧИТУВА МАКЕДОНСКИТЕ ЗАКОНИ: Кои дипломати се редовен декор во СЈО и зошто се бркаат новинари од пред влезот на обвинителството?

Кога репортерот на iNFOMAX.mk се обиде да постави камера пред влезот на СЈО со цел да постави неколку прашања на специјалната обвинителка, по кратка постапка беше набркан под закана дека ќе биде и приведен ако треба, и покрај тоа што ги има сите потребни легитимации, акредитации и дозволи. Ова правило сепак, очигледно не важи за редовните посетители од странските амбасади кои речиси секојдневно го узурпираат тротоарот пред СЈО

Иако за јавноста и транспарентноста нема место во СЈО, за странските амбасади пристапот до неуставната институција е непречена и секојдневна.

На фотографијата може да се види џип со дипломатски регистарски ознаки, редовно, секојдневно паркиран на тротоарот пред обвинителството, узурпирајќи јавна површина од кое излегуваат неколку лица кои и по неколку часа се задржуваат во СЈО.

iNFOMAX.mk очекува одговор од СЈО, кои се каубојците на кои им е дозволено да паркираат непрописно на тротоар, и зошто насила беше набркан репортерот на iNFOMAX.mk? За кого не важат македонските закон?