дома Русија КОЈ САКА НОВ КОНФЛИКТ: Во Луганската народна република убиени двајца пратеници!

КОЈ САКА НОВ КОНФЛИКТ: Во Луганската народна република убиени двајца пратеници!

Двајца пратеници на самопрогласената Луганска Народна Република се пронајдени убиени, изјавил заменик генералниот јавен обвинител на ЛНР Григориј Цевенко. Како што вели, полицијата не успеала досега многу да открие, иако е утврдено дека пратениците се убиени ноќта помеѓу 26. и 27. август

Убиството се случило, прецизира Цевенко, во Каменобродскиот кварт во Луганск.

„Во тек е истрага за да се утврди кој е одговорен за ова убиство. Ништо повеќе од тоа не можам да кажам за да не нанесам штета на целокупниот истражен процес“, рекол Цевенко.

Во Луганск и Доњецк уште од 2014. година се спроведува воена операција која ја покренаа киевските власти, а досега во конфликтот страдале преку 100.000 луѓе.