дома Балкан КОЈ СЕ КРИЕ ПОЗАДИ ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА СРПСКА: Русите со...

КОЈ СЕ КРИЕ ПОЗАДИ ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА СРПСКА: Русите со обвинение!

Амбасадата на Руската Федерација во БиХ поднесе предлог до Управниот одбор на Советот за спроведување мир утре да одржи вонредна седница поради намерите на СДА да го преиспита дејтонското име на Република Српска.

Од руската амбасада изразија загриженост дека позади намерите на СДА се крие БиХ, и предупредуваат дека не можат ни да се превидат последиците кои оваа иницијатива би можела да му ги нанесе на процесот на национално помирување.

„Сметаме дека овие изјави не само што можат да ја загрозат ревизијата на мировниот договор, туку можат да ја поткопаат стабилноста на оваа земја и да предизвикаат најразлични компликации при формирањето на институциите“, рекоа за СРНА од руската амбасада по вчерашната најва на СДА за покренување правна постапка за преиспитување на името на Република Српска пред уставниот суд на БиХ.