дома Македонија КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ОВОЈ СКАНДАЛ: Откако американската војска го навреди македонскиот...

КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ОВОЈ СКАНДАЛ: Откако американската војска го навреди македонскиот народ, видеото сега е отстрането.

Видеото на Јутјуб каналот на Американската армија во Европа за кое пишуваше дека е од вежбите на воениот полигон Криволак каде американски војници вежбале заедно со „северномакедонските војници во Северна Македонија”, е тргнато.

Иако референдумот за промена на името се уште не е поминат, ниту пак се поминати уставните измени, американската армија веќе ја нарекува нашата држава Северна Македонија. Имено на видео прикачено на Јутуб на официјалниот канал на американската армија во Европа, нашите војници веќе се нарекуваат војници на Северна Македонија, а полигонот Криволак веќе се наоѓа во Северна Македонија.