дома Хроника КРАЖБА СРЕД БЕЛ ДЕН ВО ЃОРЧЕ: Скопјанец остана без својот луксузен БМВ...

КРАЖБА СРЕД БЕЛ ДЕН ВО ЃОРЧЕ: Скопјанец остана без својот луксузен БМВ џип

Вчера во Полициската станица Ѓорче Петров, А.М. (51) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.25 часот на ул. „Воин Драшкоци“ во општина Ѓорче Петров, непознат сторител го одзел неговото патничко возило „БМВ x5“ со скопски регистарски ознаки, информира МВР во дневниот билтен.

Сторителот влегол во незаклученото возило и со клучот кој бил на бравата го стартувал возилото заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна од 500.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото, сторителот и за целосно расчистување на случајот.