дома Европа Кралското семејство го откри уникатното име- еве како ќе се вика наследникот...

Кралското семејство го откри уникатното име- еве како ќе се вика наследникот на Хари и Меган

Принцот Хари и Меган открија како ќе се вика нивниот син кој вчера им го покажаа на светот.

Војводата и војвотката од Сасекс со задоволство вчера го објавија името на своето прво дете, тоа ќе се вика Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор.

Официјалната информација денеска осамна на социјалните мрежи на официјалното кралско семејство.

При соопштувањето на името тие споделија и фотографија од малото бебе во друштво на неговите мајка и татко, кралицата Елизабета Втора, принцот Филип, како и мајката на Меган.