дома Економија КРЕДИТ ДУРИ ОД ЧЕТИРИ БАНКИ: „Аутомакедонија“ ќе зема кредит од 4.5 милиони...

КРЕДИТ ДУРИ ОД ЧЕТИРИ БАНКИ: „Аутомакедонија“ ќе зема кредит од 4.5 милиони евра од четири банки

Автомобилскиот дистрибутер „Аутомакедонија“ соопшти дека донел одлука да подигне кредит од четири банки во висина од 4,5 милиони евра.

Кредитот во висина од безмалку 4,5 милиони евра се подигнува од Халкбанк, Шпаркасе банка, Охридска банка и НЛБ Тутунска банка и претставува висина од 57 насто од вкупната вредност на имотот на претпријатието.

Кредитната линија ќе се користи за нови инвестиции, гаранции, обртни средства и сл.