дома Актуелно (Фото)КРЕНАТ ВО ВОЗДУХ АВТОМОБИЛ НА СОВЕТНИК НА ДУИ: Автомобилот кој утринава беше...

(Фото)КРЕНАТ ВО ВОЗДУХ АВТОМОБИЛ НА СОВЕТНИК НА ДУИ: Автомобилот кој утринава беше разнесен со бомба во Куманово е на функционер на ДУИ

Фериз Дервиши, советник во Советот на Општина Куманово од ДУИ е сопственикот на автомобилот кој рано утринава беше разнесен од бомба, јави локалниот портал Кумановски муабети. Случајот во полиција го пријавил неговиот син Р.Д., а од полицијата засега излегоа само со штуро соопштение, со оглед дека увидот на местото на настанот се уште е во тек.

– Околу 00.25 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, Р.Д. пријавил дека на ул. „Сава Ковачевиќ“ во неговото патничко возило „Фоклсваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки експлодирала експлозивна направа, велат од полицијата.

Советникот Дервиши инаку е член на претседателството на кумановскиот огранок на ДУИ. Освен што е бизнисмен и извршува јавна функција во Советот на општината, тој е роднина на Наип Реџепи од Куманово, кој во април беше убиен во престрелката во Мала Речица.