дома Македонија КРИВО МИ Е ШТО ВЕРУШЕВСКИ ЌЕ ОСТАНЕ НА СЛОБОДА: Нема човек кој...

КРИВО МИ Е ШТО ВЕРУШЕВСКИ ЌЕ ОСТАНЕ НА СЛОБОДА: Нема човек кој веруваше дека Кејти ќе го гони Заев – тоа ќе беше научна фантастика!

Можам да се обложам дека нема човек кој очекуваше Кејти да го гони Заев – тоа ќе беше рамно на научна фантастика!

Ова, меѓу другото, го напиша универзитетската професорка Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил.

За неа одлуката на СЈО на чело со Катица Јанева да го повлече обвинението против Зоран Заев, не е никакво изненадување.

-Дури сега седнувам на компјутер, веста на денот ја слушнав, ама ги немам сите детаљи. Катица Јанева ова го најавуваше, онака смешкајќи се кобожем итро, а всушност многу проѕирно и невешто како што само таа знае, уште одамна кога избегнуваше новинарски прашања и зборуваше за нејзината „теорија на случајот ‘Пуч’ “. Ова денес не е никакво изнандување, а единственото прашање гласи: зошто дури сега? Зошто оние мафтања со свадби, велигдени, одмори, викенди и сл.? Можам да се обложам дека нема човек кој очекуваше Кејти да го гони Заев – тоа ќе беше рамно на научна фантастика! И искрено, ако ме прашувате мене, повеќе ми е криво што е Верушевски на слобода одошто што против Заев нема да се води судски спор, вели Ванковска.