дома Македонија КРИЗНАТА СОСТОЈБА ПРОДОЛЖУВА: До средината на следната година продолжена кризната состојба на...

КРИЗНАТА СОСТОЈБА ПРОДОЛЖУВА: До средината на следната година продолжена кризната состојба на јужната граница

Со одлука на Собранието на Република Македонија до 30 јуни следната година е продолжен рокот за постоење кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија.

Парламентот ја изгласа одлуката со 60 гласа „за“ во рамки на денешната 26. седница.

Со носењето на Одлуката се обезбедува континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.