November 29, 2022, 3:10 pm

Крим до Американците: Да се извините за Хирошима пред да се мешате во внатрешните работи на другите земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставништвото на Министерството за надворешни работи на Русија во Симферопол го советуваше државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, да се фокусира на проблемите во неговата земја, наместо да се занимава со Крим.

„Господине Блинкен, ќе се справиме сами, и во радост и во тага. Фокусирајте се на проблемите на Соединетите држави. За почеток, кажете ни што постигнаа Соединетите држави за 19 години присуство во Авганистан, освен цивилни жртви. И, ако историјата ве загрижува, извинете се за Хирошима“, напиша претставникот на својата страница на Твитер на англиски јазик, пренесува Спутник.

Блинкен објави објава на 18 мај, во која тој тврди дека, наводно, руските власти ги злоупотребуваат своите надлежности на Крим. Тој изјави дека Соединетите држави ги осудуваат злоупотребите на Русија на Крим, особено на 18 мај, на денот на сеќавање на депортацијата на Кримските Татари од нивниот матичен полуостров, што беше иницирана од Јосиф Сталин пред 77 години.

Во истата изјава тој потврди дека американската страна ќе учествува на форумот „Кримска платформа“, инициран од Украина, а што се планира да се одржи во август. Киев планира да ги промовира своите тврдења на територијата на Крим на меѓународно ниво.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This