дома Економија КРИПТОВАЛУТИТЕ ПОВТОРНО РАСТАТ: Биткоинот скокна на 8.300 долари, следат и останатите криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ ПОВТОРНО РАСТАТ: Биткоинот скокна на 8.300 долари, следат и останатите криптовалути

Во текот на денот забележан е мал пораст на цената на Биткоинот. Валутата се тргуваше со 8.200 долари завчера во попладневните часови, но од тогаш порасна за околу 100 долари, па вчера вечерта изнесуваше 8.300 долари.

Тоа не е голем раст, но е во права насока, сметаат експертите.

Цената наиде на препрека по почетокот на Consensus Conference Coindesk во понеделникот, кога Биткоинот се тргуваше дури и до 8.500 долари. Откако заврши конференцијата, оваа валута доби уште 300 долари, па се најде на околу 8.800 долари, иако од тогаш падна за 500 долари, што укажува на тоа дека фамата околу конференцијата кратко треала.