дома Хроника КУМАНОВЕЦ ДИBEEЛ НИЗ КУМАНОВО: Запaлил полициcко возило и пуkал кон полицajци

КУМАНОВЕЦ ДИBEEЛ НИЗ КУМАНОВО: Запaлил полициcко возило и пуkал кон полицajци

Рано утрово полициски службеници од СВР Куманово на улицата „Трета македонска бригада“ во Куманово забележале едно лице кoe предизвикало пожар на моторно возило „шевролет спарк“, во сопственост на МВР, кое било паркирано пред поранешниот Дом на АРМ.

 

 

 

 

Лицето избегало, а по кусо време полицајците го забележале на улицата „Боро Прцан“. Тие го повикале да застане, но тој од огнено оружје испукал неколку проектили кон нив, по што побегнал. Повредени нема.

Од МВР информираа дека опожареното возило „шевролет спарк“ е изгаснато по интервенција од противпожарната единица Куманово. Во
координација со јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.