дома Свет КУРДИТЕ САМИ СИ ГО КОПААТ ГРОБОТ: Ердоган без милост доколку не се...

КУРДИТЕ САМИ СИ ГО КОПААТ ГРОБОТ: Ердоган без милост доколку не се почитува договорот за Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека единицата за заштита на Курдите не го напуштила градот Манбриџ во северна Сирија, спротивно на договорот помеѓу САД и Турција.

Во својата изјава за Ројтерс, турскиот претседател, Ердоган изјави дека “Турција ќе го направи она што е потребно”.

“Тие сега копаат ровови во Манбриџ. Што значи тоа? Тоа значи “ги ископавме гробовите, дојдете да нè погребате”. Курдите се обврзаа дека ќе ја напуштат областа во рок од 90 дена, но не го сторија тоа. Ние ќе го сториме тоа што е потребно “, рече Ердоган на митингот одржан во јужна Турција.