дома Балкан Курти го повика Хашим Тачи да поднесе ocтавка или ќе биде paзрешен

Курти го повика Хашим Тачи да поднесе ocтавка или ќе биде paзрешен

Претседателот на Косово Хашим Тачи треба да поднесе оставка или да биде разрешен од функцијата, изјави лидерот на движењето Самоопределување Албин Курти за телевизијата Топ канал.

– Тачи треба да поднесе оставка или ќе биде разрешен. Тој треба самиот да го сфати тоа и да поднесе оставка, рече Курти.

Според него, во Косово има многу политичари кои разговараат за размена на територии, „откажувајќи се од северот“, но Албанците „не сакаат да ја дадат Митровица заради свое национално обединување“.

– Не се откажуваме од обединување, не сме го смениле концептот, но го сменивме начинот и стратегијата, направивме политичка сметка, рече Курти.