дома Балкан Курти започна отворена koнфpoнтација со Бриселскиот договор: Косовската полиција го отcтрани билбордот...

Курти започна отворена koнфpoнтација со Бриселскиот договор: Косовската полиција го отcтрани билбордот „Добредојдовте во Заедницата на српски општини“

Вечерва, припадниците на косовската полиција го тргнаа и билбордот „Добредојдовте во Заедницата на српски општини“, што беше поставен во Ранилуг, изјави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.
„Очигледно, Албин Курти започна отворена конфронтација со Заедницата на српски општини и Бриселскиот договор, чие прекршување доведе до криза на северот на Косово и Метохија“, напиша Петковиќ на Твитер.

Билборди со порака „Добредојдовте во Унијата на српски општини“ претходно беа поставени во северниот дел на Косовска Митровица и во Грачаница, од каде исто така беа отстранети и беа приведени три лица.