February 6, 2023, 5:13 am

Курти: Косово и Србија немаaт мoжнocт дa ce дoгoвopaт бeз ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер Аљбин Курти кажа дека е неспорно дека Косово и Србија немаат можност да се договорат без посредството на Европската Унија.

Како што наведе, Европската Унија треба да биде посредник и овозможувач на овој договор кој треба да се фокусира на меѓусебно признавање.

„Во моментов имаме меѓусебно непризнавање, Србија не ја признава независноста на Косово, Косово како република не ја признава Србија и тоа е однос кој го имаме веќе 13 години, нестабилен, но тоа има врска со неодамнешната војна на Косово за која Србија не сака да преземе одговорност“, кажа тој.

„Значи, непризнавањето на злочините на Косово и непризнавањето на независноста не се две многу различни нешта, значи едното е предизвикано од другото“.

Курти наведе дека со непризнавање на злочините извршени на Косово, злочини против човештвото, воени злочини и геноцид, Србија не ја признава независноста на Косово бидејќи ја смета за резултат на ослободителната војна“.

„Верувам дека ова е суштината на нештата. Сега, имаше грешки во минатото бидејќи се сметаше дека признавањето од Србија доаѓа на крајот на процесот. Има уште многу елементи, воена отштета, исчезнатите, па добрососедските односи и останатото, но во центарот на договорот треба да биде меѓусебното признавање. Ако тоа го нема, сè останато е нестабилно, па сега имаме во воздух српски „миготви“ за технички прашања на реципроцитетот како регистарските таблички“, заклучи Курти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This