дома Македонија Курц во посета на Македонија

Курц во посета на Македонија

Денес канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц, доаѓа во официјална посета на Република Македонија. Според најавите, австриската делегација предводена од канцеларот Курц ќе биде свечено пречекана на платото пред Владата.

Како што информираат од Владата, австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе одржат заедничка прес-конференција.