February 7, 2023, 10:29 pm

(Видео) Кaдe гo имa oвa?…: Оpгaнизaтopoт на пpoтecтитe вo Тетово беше yaпceн додека давал интepвjy зa тeлeвизиjaтa „Kлaн Koсово“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осумдневен притвор му е определен на Блерим Ахмеди од Тетово, откако во петокот беше уапсен додека даваше интервју за косовската телевизија Клан Косово.

Додека го даваше интервјуто, интервенирала македонската полиција и беше уапсен како организатор на протестот кој што се случи истиот ден претходно во Тетово, на кој се бараше правда и одговорност за жртвите кои што настрадаа во пожарот во тетовската модуларна болница.

Неговиот адвокат информираше дека тој се товари според членот 384 од КЗ од кој се предвидува од 1 до 5 години затвор.

Инаку, за истиот настан околу протестите во Тетово на кој дојде и до судир со полицијата, уапсени се вкупно 5 лица.

дека тој се товари според членот 384 од КЗ од кој се предвидува од 1 до 5 години затвор.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This