дома Македонија КAДE ЗAВPШИЛE ТИE ПAРИ: Миниcтepствoтo за инфopмaтичкo oпштeствo пoтрoшилo 683.000 дeнaри

КAДE ЗAВPШИЛE ТИE ПAРИ: Миниcтepствoтo за инфopмaтичкo oпштeствo пoтрoшилo 683.000 дeнaри

Каде завршиле 683.000 денари кои министерството за информатичко општество ги потрошило лани? Што плаќал министерот Манчевски со народни пари преку картичка не е познато, а дека нема евиденција за потрешените средства се наведува во извештај на заводот за ревизија.

– Ревизијата утврди дека во текот на 2018 година преку картичка е реализиран промет во износ од 683 илјади денари, а за начинот на евидентирање на прометот не е постапено по препораката на Овластен државен ревизор. Ваквата состојба не е во согласност со одредбите од Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници и Правилникот и влијае на реалното и објективно прикажување на позициите во финансиските извештаи, а и на квалитетот на информациите што истите ги даваат, се наведува во Конечниот извештај за извршена ревизија на усогласеност за 2018 година на Министерството за информатичко општество и администрација.

На прашања на Алфа од министерството се правдаат, па винaтa ја префрлаат на Службата за општи и заеднички работи на Владата оти тие биле задолжени за оваа работа. Но, објаснуваат, со картичка се плаќа исклучиво при службени патувања и при посета на странска делегација, кога домаќин е министерството.

Според Алатката за отченост на носителите на јавни функции министерот Манчевски само во првите пет месеци од минатата година за карти за авион, ручеци, превоз, телефонски сметки и слично потрошил 409.666 денари, а за останатите месеци податоци нема.

Во 2017-та пак, Манчевски за исти намени, за пола година, од јуни заклучно со декември потрoшил 766.994 денари. За првите шест месеци од годината вакви податоци не постојат на транспарентната алатка за отчетност.