September 26, 2022, 8:01 pm

Лавров во посета на Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По посетата на Босна и Херцеговина, Лавров на белградскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ. Покрај него, присутни биле амбасадорот на Русија во Србија, Александар Бочан-Карченко и амбасадорот на Србија во Русија, Мирослав Лазански.

Вучиќ и Лавров, најпрво, присуствуваа на церемонијата на палење на вечниот оган и положување венци на Споменикот „Вечен оган“ на Меморијалните гробишта на ослободителите на Белград

Потоа, го посетија Храмот Свети Сава и положија цвеќе на гробот на неодамна починатиот српски патријарх Иринеј.

По тој повод, министерот Лавров го прочита писмо од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по повод завршувањето на работите на Храмот, во кои учествуваа и руски уметници.

Претседателот на Србија и шефот на руската дипломатија оствариле разговори во Вила Мир, а по средбата дадоа изјави за медиуми.

За време на посетата, Лавров ќе се сретне и со неговиот српски колега Никола Селаковиќ, по што, како што е најавено, ќе го потпишат Планот за консултации помеѓу Министерството за надворешни работи на Русија и Министерството за надворешни работи на Србија за 2021-2022 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This