August 18, 2022, 9:27 am

Лавров: ЕУ кoпa poвoви oкoлy Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во односите со Русија, Европската Унија создава линии на поделба како непријателот да копа ровови на фронтот, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Ситуацијата во односите меѓу Москва и Брисел се уште е многу загрижувачка. Нашиот заеднички европски континент е во невидена криза на недоверба. Се создаваат линии на раздвојување кои се преместуваат и зајакнуваат на исток како ровови на фронтот“, рече тој на конференцијата посветена на односите меѓу Русија и ЕУ.

Лавров потсети дека Русија е заинтересирана за дијалог со ЕУ, но по принципот за еднаквост и меѓусебно почитување.

„За нас не е јасно кој воопшто тврди дека Русија не е заинтересирана за дијалог, но тоа не е точно. Ние постојано изјавуваме дека сме отворени за конструктивна соработка со ЕУ, но по принципот на еднаквост и меѓусебно почитување“, нагласи тој.

Тој исто така изјави дека има многу области во кои соработуваат Русија и ЕУ, и покрај тензиите во билатералните односи, велејќи дека тука има првенствено здравство, енергија, наука, технологија и климатски проблеми.

Коментирајќи ги потенцијалнирте непријателски потези на ЕУ кон Русија, Лавров рече дека Москва нема да седи со скрстени раце.

„Свесни сме дека има многу во ЕУ кој ја разбираат контрапродуктивноста на конфронтацијата и сметаме дека на здравиот разум да победи на крајот за да започнеме процес на создавање на нов балансиран модел на односи заснован на принципите на меѓународното прави“, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This