October 6, 2022, 2:38 am

Лавров: Инцидентот со Навални е лажен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Москва има причина да верува дека инцидентот со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил лажен, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на заедничката прес-конференција со неговата шведска колешка Ан Линд.

„Што се однесува до случајот Навални, не ни се дадени никакви информации што ги докажуваат обвинувањата против руските власти“, истакна Лавров, пренесува ТАСС

Тој истакна дека ако обвинете некого, тогаш треба да ја докажете неговата вина.
„И ако речете: Јас нема да ви кажам ништо, бидејќи тоа е тајна, имаме причина да веруваме дека е лажна“, додаде тој.

„Денес, уште еднаш ја потсетив шведската страна дека, со оглед на тоа што шведската воена лабораторија изврши анализа и заклучоците на германските експерти беа јавно потврдени, очекуваме нашите шведски колеги да покажат транспарентност и искреност во овој случај“, рече рускиот министер за надворешни работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This