дома Свет ЛАВРОВ НА СРЕДБА СО ВЕНЕЦУЕЛСКИОТ КОЛЕГА: Шефот на руската дипломатија утре ќе...

ЛАВРОВ НА СРЕДБА СО ВЕНЕЦУЕЛСКИОТ КОЛЕГА: Шефот на руската дипломатија утре ќе се сретне со Хорхе Ареазо!

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе разговара утре во Москва со венецуелскиот колега Хорхе Ареазо, соопштија од руското Министерство за надворешни работи.

Состанокот е организирани во пресрет на разговорот на Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој е планиран за наредната недела во Финска.

Лавров и Помпео ќе се состанат на маргините на министерскиот состанок на Арктичкиот совет во Финска која ќе се одржи на 6 и 7 мај.