September 26, 2022, 8:41 pm

Лавров: Односите меѓу Русија и ЕУ се распapчени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Европската унија ја смета Русија за странец и подготвеноста на Москва да ги прекине односите со Брисел е поврзана со фактот дека „тие односи повеќе не постојат“.

Во интервју за телевизијата „РБК“, тој потсети на зборовите на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, кој уште во мај 2019 година рече дека Русија, стариот непријател на Европа, повторно е закана за ЕУ .

„Во неодамнешното интервју што го имав со новинарот Владимир Соловјов, кога ме праша дали Русија е подготвена да ги прекине односите со ЕУ“, одговорив позитивно, бидејќи тие односи практично не постојат. Како што еднаш рече поранешниот американски претседател Барак Обама, иако тој во тоа време мислеше на руската економија, односите се распарчени“, рече Лавров.

Зборувајќи за трговската размена меѓу Русија и ЕУ, шефот на руската дипломатија рече дека таа драстично се намалила по настаните во Украина во 2014 година, иако до тогаш ЕУ беше најголем партнер на Русија.

„Ме прашувате со причина? Санкции наметнати од нашиот скапоцен партнер, најголемиот економски партнер, додека причините за воведување на овие мерки не беа засновани на никакви факти. Крим ни е јасен, исто така и Донбас – работата е што ЕУ, благодарение на сопствената неспособност и неможност да спречи неуставен државен удар со отворен антируски потпис, реши сè да сврти наопаку“, рече тој објасни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This