дома Русија ЛАВРОВ: Русија и САД можат да ги решат проблемите во светот

ЛАВРОВ: Русија и САД можат да ги решат проблемите во светот

Доколку Москва и Вашингтон бидат заинтересирани, можат да придонесат во ефикасно решение на проблемите во светот, а посебно е потребна координација на напорите на двете страни во борбата против тероризмот, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Уверени сме дека доколку постои двостран интерес, Русија и САД не само што се во состојба да го покренат напредувањето на решавањето на билатералните прашања туку и да дадат заеднички придонес за ефикасно надминување на клучните проблеми на денешницата“ истакна Лавров.

„Од посебно значење е координација на обидите на нашите земји во борбата против меѓународниот тероризам“, рече Лавров во интервју за австриското списание „Профил“.