дома Автомобилизам ЛАНЧИЈА НАЈАВИ ВРАЌАЊЕ НА ЅВЕРОТ: Почнува производството на новата „Ланчија Стратос“

ЛАНЧИЈА НАЈАВИ ВРАЌАЊЕ НА ЅВЕРОТ: Почнува производството на новата „Ланчија Стратос“

Италијанската компанија за автомобили „Манифатура Аутомобили Торино“ најави дека влегува во производствто на новата „Ланчија Стратос“ од која ќе бидат направени околу 25 примероци. Достапни ќе бидат три различни верзии. Ќе биде достапна во ГТ верзија, спортска верзија и Сафари рели спек

„Мануфатура Аутомобили Торино“, која го произведе прототипот на новиот Стратос во 2010 – сега главна за производство на моторите „Девел Сикстин“ и „Интенца Емоционе“ со по 5.000 коњски сили – сега влезе во партнерство со Мајкл Стошек, шеф на „Бросе Груп“ со цел реализација на новиот проект за Стратос.

Нивниот план е да понудат околу 25 нови „Стратос“, хомологирани за светска продажба, секоја по лична желба на купувачот. Ќе постојат можности да автомобилот да се нарача со нормалната спортска опрема, но и како рели возило.

Стошек вели дека е задоволен од помислата дека и други ентузијасти ќе имаат можност да ја почувствуваат фасцинантноста на наследникот на една од најдобрите рели возила, стариот „Стратос“.